ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Адеми: Охрабрувачки се информациите за одвивањето на онлајн-наставата

Најважно е да имаме двонасочна комуникација наставник-ученик, а информациите за онлајн-наставата се охрабрувачки, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми при гостување во „Утрински брифинг“.

Тој вели дека предизвици во наставата има и кога условите се нормални, а сега тие се надминуваат со секоја донесена мерка.

„Нудиме учење од дома, каде што секој наставник е должен да држи двонасочна комуникација со ученикот, па на крај може и да го оценува. Нудиме и национална платформа за далечинско учење, снимени се видеолекции од нашите активни наставници. На 33 илјади деца, кои имаат статус на ученик, но потекнуваат од социјално загрозени семејства, одлучивме да им доделиме картички со 10 гигабајти интернет секој месец, бесплатно“,

изјави министерот.

Адеми повтори и дека за онлајн-наставата има законска основа со донесените уредби од Владата кои имаат сила на закон и дека постепено ги решаваат сите проблеми за кои биле критикувани, како немањето законска основа, немање пристап до интернет за сите деца итн.

„Ја обезбедивме законската основа со донесување уредби. Потоа бевме критикувани дека нема интернет. И тоа го обезбедивме. Комплетно сме свесни дека има предизвици, но кога се сака, се може. За следење настава од далечина не се потребни скапи и софистицирани ИТ-уреди, туку е најважно да се одржи двонасочната комуникација помеѓу наставникот и ученикот“,

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.