ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Абазовиќ: На територијата на Црна Гора нема странска војска

На територијата на Црна Гора нема, ниту ќе има странска војска, изјави денеска вицепремиерот Дритан Абазовиќ и ги повика граѓаните да не стануваат жртви на, како што рече, секојдневната пропаганда.

Обраќајќи и се на јавноста со видео порака на социјалната мрежа Твитер, Абазовиќ кажа дека пропагандата има за цел да ја наруши меѓуетничката и меѓуверската хармонија во Црна Гора, и дека тоа во следните денови ќе има се повеќе и повеќе.

-Ги штитиме националните интереси и сме на патот на напредокот и европската иднина на Црна Гора! Тука сме да гарантираме мир и стабилност, рече Абазовиќ.

Претходно денеска Абазовиќ ја посети црногорската Агенција за национална безбедност, а откако вчера весникот „Побједа“ објави текст дека припадници на специјалните единици на српската армија и полиција се на територијата на Црна Гора.

Според невовите на весникот, специјалците дошле во Црна Гора на покана на АНБ за да извршат безбедносна проценка на најавеното устоличување на митрополитот Јоаникиј.

Владата на Црна Гора, исто така, синоќа го демантираше тврдењето на весникот „Побједа“.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.