ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Абазовиќ: Додека зборува за почитување на закони, Ѓукановиќ има даночен долг од 12,4 милиони евра

Потпретсeдателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ тврди дека претседателот Мило Ѓукановиќ на државата му должи 12,4 милиони евра на име данок.

„Додека зборува за наводно почитување на Уставот и законите, Мило Ѓукановиќ должи 12,4 милиони евра данок на државата“, напиша Абазовиќ на Твитер.

Тој додаде дека „сега е јасно што се крие зад кревањето тензии, приказните за идентитетот, загрозеноста… Нема повеќе недопирливи”.

Абазовиќ ги објави и податоците за блокираните сметки на правни лица од Централна банка на Црна Гора.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.