48 милиони евра капитални инвестиции во патишта

Првиот квартал годинава Јавното претпријатие за државни патишта го започнало со три пати зголемени капитални проекти во споредба со истиот период лани.

Од сопствениот буџет реализирало 48 милиони евра, за разлика од лани кога реализацијата била 15,3 милиони евра.

-За три пати повеќе имаме реализација на капиталните инвестиции овој квартал од 2019 година или вкупно 48 милиони евра за разлика од минатата година истиот период кога реализиравме само 15 милиони евра, истакна денеска на прес конференција,  Китанов.

Китанов при посета на изградбата на патот Јурумлери – Драчево, кажа дека јавното претпријатие за првиот квартал има собрано 7,7 милиони евра од наплата на патната такса. Најави продолжување на изградба на патишта, мостови и патарини во следниот период, во вкупна должина од 373 км кои ќе тежат 769 милиони евра.

– Покрај овие, во прв квартал започнавме и со изградба на експресни и регионални патишта, мостови, како и рехабилитација на магистрални и регионални патишта, со вкупна вредност од 88 милиони евра, должина преку 360км патна мрежа, изтакна Китанов.

Иако готов, на автопатот Миладиновци – Штип официјално ќе може да се вози дури средината на мај. Китанов информираше дека се уште се работи на поврзување на регионалните патишта со автопатот.

Please follow and like us:

You May Also Like