14-годишно дете почина од грип- Петта жртва оваа сезона

14 годишно дете почина по компликации на грип на Клиниката за инфективни болести. Детото имало церабрална парализа .

Грипот ја зеде и петтата жртва во земјава. Починало 14-годишно девојче од Охрид кај кое настанале компликации. Пациентката боледувала од церебрална парализа проследена со тешка пневмонија. Поради влошената здравствена состојба била пренесена на скопската Инфективна клиника, каде по една недела макотрпна борба починала.

„Пациентот имал церебрална парализа, едно од оние хронични заболувања кои што се предуслов за потешки форми на грип. Пациентката имала AH1 тип на грип. Поради тешка масивна пневмонија и долга битка со болеста за жал пациентката починала.“

Епидемиологот Микиќ вели дека бројката на заболени од грип е помала во однос на минатата година – но е зголемен бројот на пациенти заболени од грип кои имаат и други хронични болести. Пред две недели биле регистрирани околу 3300 пациенти заболени од овој вирус. Апелира на итна имунизација.

„За жал очекуваме да имаме и смртни случаи од грип. Особено оваа сезона имаме вишок смртни случаи и во соседството, во Србија и Хрватска. Се уште ги обработуваме податоците за минатата недела, следиме каква е активноста. Претходно процентот на позитивни резултати од заболувањата слични на грип беше 70 проценти.“

На скопските клиники моментално има хоспитализирано десетина лица кои боледуваат од грип и се во критична здравствена состојба.

Please follow and like us:

You May Also Like