ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

126 нозаразени – најмногу во Скопје и Тетово, починаа четири пациенти

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19, соопшти пред малку Министерството за здравство. Најголем број се забележани во Скопје – 66 и Тетово – 19, а во останати градови состојбата е ваква: Куманово 6, Штип 15, Прилеп 3, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 2, Пробиштип 2, Свети Николе 1 и Ресен 3

–Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти: Скопје 43, Штип 1, Битола 1 и Ресен 3

–Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557, информира Министерството.

Досега во Македонија се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.