ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

102 нови случаи на Ковид-19 од 1356 теста – починати 5, оздравени 99 пациенти

Наместо од денес, ГОБ 8-ми септември ќе ги отвори вратите за останатите пациенти од првата половина на август. Ова за Сител го потврди министерот за здравство, по информациите дека хирурзите во оваа установа ќе почнат со операции и за болни кои немаат Ковид-19 со цел да ги намалат листите на чекање. Во болницата која од март е Ковид центар, во моментот има 106  хоспитализирани од кои 12 се во последното деноноќие. На респираторна машина има петмина заразени со корона вирусот.

Во последните 24 часа во болнички услови починале 5 пациенти на возраст од 48 до 76 години. Институтот за јавно здравје бележи намалување на процентот на новозаразени и денеска има 102 дијагностицирани од 1356 тестови, или 7,5 проценти од тестираните. Најмногу се во Скопје 39 а 11 во Куманово. Повторно е двоцифрена бројката и во Штип каде има 13 нови случаи и градот на текстилната индустрија е втора општина по број на активни случаи во државата. Има 419 лица кои се уште се позитивни на Ковид-19 а полно е и инфективното одделение во штипската болница. Од утре во помош на лекарите ќе пристигнат и двајца интернисти од Здравствен дом Скопје. За ширењето на вирусот во Штип но и помалите градови критики до надлежните упати опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Бројот на заразени од корона вирусот надмина 10 илјади, а бројката на починати се движи кон 500. Ова само покажува дека надлежните ниту знаат каде одат, ниту како треба да се справат со тешката ситуација. Надлежните не ги знаат ниту кластерите, не ги знаат изворите кои ја шират болеста. Не знаат ниту што ни се случува, дали е ова пик на првиот  бран, ниту дали е втор или што е воопшто ова што денес ни се случува, изјави Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен во ГОБ 8ми септември, 87 пацџиенти има и на Инфективна Клиника од кои 40 се на кислородна поддршка, 10 возрасни и 4 деца се хоспитализирани во болницата во Козле а 207 заразени и сомнителни на Ковид-19 се низ останатите инфективни одделенија во државата.

Институтот за јавно здравје денеска регистрирал и 99 оздравени пациенти со што бројката на активни случаи во моментот е 4181.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.