Трамп го исмеваше Макрон поради насилните протести во Париз , предизвикани од порастот на цената на горовата.

,, Мило ми е што мојот пријател Емануел Макрон и демонстрантите во Париз се согласија со мојот заклучок пред две години.Парискиот договор ужасно е недоследен , зашто ги зголемува цените на енергенсите за одговорните во земјата додека ги покрива некои од најлошите загадувачи. ” ,напиша Трамп на Твитер.

На почетокот на неделата францускиот премиер Едуард Филип реши да го одложи зголемувањето на данокот на горивото на најмалку шест месеци , како одговор на насилните протести во Париз и во другите градови низ Франција.