ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Сметководителите бараат помош од државата, еден од нив е заразен: Ова се нивните препораки за време на коронавирус

Сметководителите веќе ги чувствуваат последиците од економската криза поради коронавирусот.

Институт на сметководители и Овластени сметководители на Република Македонија испрати допис до Владата и Министерството за финансии.

Во дописот бараат помош од државата, а информираат и дека веќе има сметководител заразен со коронавирус.

„Во името на на 11.014 членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ како и 2.158 субјекти за вршење на сметководствени работи во кои се вработени 3.513 сметководители и овластени сметководители, кои во ова време на вонредна состојба и исклучително тешка заразна епидемија од корона вирусот имаат обврска, а и општествена одговорност да ја вршат својата работа.

Ве молиме како претставници на МФ и Владата на РМ  што е можно најитно, да ги разгледаме актуелните состојби во кои се наоѓаат сметководителите и овластените сметководители и да го поддржите Институтот солидарно заедно со институциите на државата им помогнеме на нашите членови. Од причина што нашиот Закон за вршење сметководствени работи и Статутот не ја регулираат особено работата во ваква вонредна состојба, а и како дејност не сме опфатени во мерките кои се донесени од владата, Ви се обраќаме уште еднаш да го разгледате претховниот маил дадените препораки и одлуката на Институтот кој го доставивме на 23.03.2020 на кој до денес нема никаков одговор.

Ве информираме дека веќе има заразено лице – сметководител од Covid-19 па сметаме дека веднаш треба да се превземат конкретни мерки за вршителите на сметководствената дејност, кои изложувајќи се на ризик од зараза вршат дејност и се грижат за прибирање на приходите во буџетот на државата“-информираат тие.

Од Институт на сметководители и Овластени сметководители испраќаат препораки до своите колеги:

„Членовите од Управниот одбор оценија дека е потребно, да покрај дадените препораки од Владата и другите надлежни институции во РМ, превземат и дејствија за заштита на нашите членови. На последната седница УО донесе Одлука за одлагање на обврската за чланарини на нашите членови како и дополнителни одредени препораки, кои сметаме дека во вакви услови се потребни а коие се денес објавени на официјалната вер страница.

Сходно официјалните изјави на овластени лица од Министерството за финансии и Управата за јавни приходи ние како физички лица и субјекти,  кои вршиме сметководствени работи, сметаме дека вршиме дејност која, и во услови на вонредна состојба е општествено потребна  и неопходна за земјата“-велат тие.

Во продолжение се објавените  препораки:

Се надеваме дека во овие услови ќе можеме да  дадеме некаков придонес со континуирано вршење на своите обврски, за излегување и од кризата предизвикана од епидемијата со коронавирусот.

Согласно препораките, одлуките и мерките од надлежните здравствени институции во земјата и странство поврзани со актуелната состојба со COVID19 (Корона вирус),

Ве информираме дека Управниот одбор на Институтот  предложи мерки за превенција и заштита на сметководителите  и  нивните клиенти:

  • Пристапот во вашите деловни канцеларии, доколку сте во можност остварете го исклучиво преку граничен пулт (шалтерски систем), без дозволен пристап во внатрешноста на деловните простории,
  • При пристап на граничниот пулт носете заштитни маски и ракавици, задолжително користете ги геловите за дезинфекција на раце  и држете растојание минимум 1,5 до 2,00 м
  • Препорачуваме комуникацијата  да бидат по електронски пат – користете телефонска и e-mail коресподенција
  • Пред да доставувате/примате документација задолжително информирајте се за актуелните услови за соработка,
  • Приватни посети како и посети кои не се од есенцијално значење за работата да не бидат дозволени
  • Користете ги курирските служби доколку постојат во вашето место на работа
  • Скратете го работното време

 Овие правила добро е да бидат актуелни веднаш (ако досега не сте ги применувале) и да бидат во сила се додека важат препораките на надлежните институции. За доброто на сите, следете ги и почитувајте ги препораките и мерките за заштита на надлежните институции, порачуваат тие.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.