ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Путин: Западот насилно ја внесува Македонија во НАТО, но со тоа ќе го дестабилизира регионот

Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека обидите на САД и неколку други западни земји да ја консолидираат својата доминација на Балканот остануваат сериозен дестабилизирaчки фактор во регионот. Тој ова го изјави во интервју за белградските весници „Политика“ и „Вечерне новости“ пред неговата посета на Србија.

Смета дека Македонија, слично како и Црна Гора, насилно се вовлекува во Алијансата, спротивно на волјата на голем дел од населението. Според Путин, во 2017 година, спротивно на мислењето на половина од населението, Црна Гора беше внесена во НАТО.

“Тие се плашеа да одржат референдум за ова прашање – како резултат на тоа, земјата минува низ период на политичка нестабилност”, рече Путин. “Минатата година, дури и започна процесот на донесување уставни амандмани и преименување на оваа држава, ревидирање на темелите на македонскиот национален идентитет за насилно внесување на Република Македонија во НАТО”, додаде тој. „При тоа, беше игнорирана волјата на македонските гласачи – референдумот за промена на државното име не успеа, но надворешниот притисок продолжи. “, додаде претседателот на Руската федерација.

Додава дека Русија и натаму ќе ги оддржува пријателските врски на Балканот.

– Руската Федерација, знаејќи и разбирајќи ја комплексноста на Балканот и историјата на тој регион, секогаш го сметаше за простор за конструктивна соработка. Денес Русија на Балканот има многу пријатели, меѓу кои посебно место го зазема стратешкиот партнер -Србија. Затоа, помагањето и зајакнување на регионалната безбедност и стабилност е нашиот безусловен приоритет, истакна Путин.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.