ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Песков: Иранското решение е резултат на избрзаната одлука на Вашингтон

Одлуката на Иран за суспендирање на некои од обврските од нуклеарниот договор е последица на избрзаните чекори на Вашингтон, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Претседателот (Владимир) Путин постојано зборува за последиците од избрзаните чекори во однос на Иран, како што е одлуката која ја донесе Вашингтон. Последиците почнаа да се јавуваат, рече Песков.

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска предупреди дека Иран ќе престане да се придржува кон одредени делови од нуклеарниот договор од 2015 година и им даде рок од 60 дена на другите потписници на спогодбата за исполнување на своите обврски, особено во поглед на банкарскиот и нафтениот сектор. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.