ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Меј во јазол- Закон од 17 век го блокира Брегзит

epa06566509 Pro EU protesters wave a joined EU and Union flag outside of the British Parliament in Westminster, central London, Britain, 26 February 2018. Media reports state on 26 February 2018 that forecasts for the British economy are gloomy with the uncertainty over Brexit. EPA-EFE/ANDY RAIN

Без предупредување, спикерот Џон Берков го урниса договорот на Меј за Брегзит со став: „Не е дозволено трето гласање за истиот предлог”. Со тоа стратегијата на Меј падна во вода. Како понатаму?

Целосно неочекуван беше ставот на Берков кој го соопшти изминатиов понеделник дури и за искусните познавачи на бескрајните пречки и проблеми поврзани со Брегзитот. Човекот кој стекна светска слава благодарение на неговите довикувања за „ред“, го заби ножот во стратегијата на Меј за Брегзит констатирајќи дека не е дозволено трето гласање за истиот предлог. Такви преседани имало уште во 1604 година. Повторно гласање можело да има само ако договорот за Брегзит претрпи супстанцијални измени.

Гнев во владата и потрага по излезно решение

Тереза Меј е бесна заради интервенцијата на Берков, пишуваат медиумите, и откажала планиран настап во парламентот. На премиерката и било потребно време да ги планира следните чекори. Заговарачи на Брегзитот сметаат дека Берков ги пречекорува своите овластувања и дека недозволено се меша во политиката.

Од кругови блиски до владата го обвинуваат Берков дека е против краткото одложување на датумот за Брегзит: „Се верува дека тој сака многу подолг рок во кој парламентот ќе може да преземе контрола над процесот и да издејствува помек Брегзит”.

Тереза Меј претходно појасни дека ако нема согласност на парламентот за договорот таа ќе побара продолжување на рокот за истапување, а во случај на гласање за краток технички рок. Но, таа и порано лесно го менувала своето мислење, па истото би може да го стори и сега.

Државен секретар во министерството за Брегзит потврди дека Меј сега ќе испрати писмо до претседателот на Европскиот совет и ќе побара продолжување на рокот, без да прецизира за колкав временски период станува збор.

Großbritannien Parlament Brexit Abstimmung John Bercow (picture-alliance/empics) Спикерот на британскиот парламент Џон Берков

Државниот правобранител Роберт Бакленд кој е вештак на владата, вели дека има уставна криза и понуди излезно решение. Забраната за повеќекратно гласање важи само во рамки на еден мандат, така што би можело парламентот предвремено да се распушти и повторно да се свика. Но, таквиот настан традиционално е празничен и проследен со говор од кралицата Елизабета Втора. Технички е можно, но политички тешко замисливо.

Меј и понатаму нема мнозинство

И без зариениот нож во грб од Берков, Меј веројатно, според планираното, договорот за Брегзит ќе го ставеше на гласање во вторник или среда. Северноирската ДПУ, која го одржува мнозинството во Долниот дом, сигнализираше дека се уште не е подготвена да даде поддршка. Освен тоа во понеделникот 23  тврдокорни Брегзитери од редовите на конзервативците најавија дека под ниту еден услов нема да го променат своето мислење за договорот. Конечно парламентот пред речиси една недела го отфрли со 149 гласа против. Премиерката и понатаму нема мнозинство за договорот, кој е веќе долго време демонизиран од хардлајнерите.

Тереза Меј играше на картата со одолговлекувањето полека да го намали и отпорот. На третото гласање требаше да се надоврзе и четврто следната недела, барем така се зборуваше во кулоарите на само 2-3 дена пред истекот на рокот за Брегзит. Тоа ќе беше ултимативна уцена, која Берков сега ја спречи.

Одолговлекување на Брегзит или укинување?

Ако премиерката треба да моли за ново продолжување, без да се изгласа договорот, тоа ќе зависи од добрата волја на ЕУ. Нејзината можност за делување во меѓувреме е многу ограничена. Притоа таа мора на Брисeл да му поднесе посебен план со кој ќе објасни што ќе прави во дополнителното време кое би и било дадено.

UK Unterhaus für Brexit-Verschiebung und drittes Votum über Abkommen | Jeremy Corbyn (Reuters TV) Опозицискиот лидер Џереми Корбин бара втор референдум

Лидерката на конзервативната фракција Андреа Лидсом посочи дека треба да се одржат надпартиски разговори за надминување на кризата. Лабуристичката партија гледа добра можност да притиска за нови избори. Втор адут на Џереми Корбин му е барањето за втор рефередум – во форма на нов предлог на опозицијата: Лабуристите се подготвени да го поддржат договорот за излез од ЕУ по цена ако на граѓаните им се даде можност да гласаат на втор референдум.  Алтернативата тогаш би гласела: Договорот на Меј или останување во ЕУ.

Интервенцијата на спикерот Џон Берков повторно ја врати на почеток целата работа. Сега повторно се е можно – од помек компромис околу Брегзит, или никаков Брегзит- ако на крајот биде целосно откажан.

И ако сѐ пропадне, тогаш може на крајот на следната недела да се случи тежок Бгегзит – квази како несреќен случај. Од друга страна Долниот дом мора да го смени законот за истапување од ЕУ, за да може да се спроведе Брегзит на 29 март. Пратениците минатата година ова го одобрија со големо мнозинство, уште додека не беа свесни колку хаотично и проблематично може да биде излегувањето од ЕУ

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.