ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Како се маскирав во доктор Дабиќ: Караџиќ после 20 години открива како живеел во бегство, но еден потег уништил се

Радован Караџиќ од вчера е осуден на казна доживотен затвор. Тој беше уапсен во 2008 година а цел свет а целиот свет го бараше хашкиот бегалец, кој се криеше под лажното име на д-р Драган Дабиќ. Тој се појавуваше на телевизија, одржувајќи предавања, без никој да помисли дека под таа седа брада и долга коса се крие Радован Караџиќ.

Со лажниот идентитет почна да создава нова кариера, успеа да создаде мала заедница од луѓе кои го сакаат здравиот начин на живот, алтернативна медицина, но и еден вид медитација позната како тиховање. “Доктор Дабиќ” нудеше лекарска помош за астма, дијабетес, епилепсија и сексуални проблеми.

Држеше предавања низ цела Србија, најавуваше јавни настапи, имаше дури и своја веб страница на која јавно беше објавен неговиот број на телефон и маил адресата. Изгледаше како човек кој нема што да сокрие, а наводно и патуваше надвор од државата.

Имено, “Доктор Дабиќ” живееше на улица Јуриј Гагарин во Нов Белград а локалните деца го викале Дедо Мраз, добриот човек кој секогаш застанува и разговара со нив додека оди накај продавница, пишува во книгата на Џулијана Борџера.

Инаку една од неговите сосетки која живеела токму на неговиот спрат, работела за Интерпол а нејзина задача била да ги фати меѓународните бегалци, како што е Караџиќ.

Се повеќе се соживуваше со својата маска, со својот нов лик со кој слободно шеташе по улиците и почна да го посетува барот „Луда куќа “. Маската на крајот по грешка му ја разоткри неговиот брат Лука, пролетта 2008 година. Тој го повика “Доктор Дабиќ” на стариот број за кој имаше потерница, и беше под надзор. Сомнителниот податок бил пријавен во БИА.

Во мај еден од нивните луѓе бил повикан да го прегледа повикот од тој број. По некое време и самиот Караџиќ знаел дека го следат.

Апсење во автобус, но без сведоци

Вечерта на 18 јули 2008 година, “Доктор Дабиќ” излегол од влез број 267 на улицата Јуриј Гагарин. На себе носел светлосина маица и сламен шешир. Во раката држел ќеса, една торба за пазарување и ранец. Се било полно.

Прошетал до најблиската автобуска станица, каде наскоро му се придружил еден човек, агент од БИА. Влегле во автобус, Дабиќ седнал напред, а неговата сенка неколку седишта позади. Во еден момент во автобусот влегле четири полициски службеници, двајца напред и двајца позади. Се сретнале на средина, а на луѓето во автобусот им ја покажуваа својата полициска значка и барале карти.

Радован Караџиќ, во времето кога го променил својот идентитет во доктор Дабиќ FOTO: PROFIMEDIA

 

Старецот со сламен шешир во едниот џеб ја побарал својата карта кога еден од полицајците го фатил за рака

„Доктор Караџиќ?“, го прашал полицаецот.

„Не, Драган Дабиќ“, одговорил тој.

„Не, Радован Караџиќ“, повторил полицаецот.

“Дали вашите шефови се свесни што правите“, прашал Дабиќ.

А полицаецот одговорл „Да, потполно”.

Медиумите први ја објавиле веста дека Караџиќ е уапсен.

Веста за апсњето беше објавена уште во мај 2007 година во Виена, каде живеел со хрватски пасош со име Петар Глумец, каде австриската полиција разговарала со него во врска со самоубиството кое се случило во тој реон, но не го препознале.

Од друга страна караџиќ тврди дека го уапсиле во јули 2008 година, а пред тоа три пати го држеле во затвор. Сведоците од автобусот не биле пронајдени, како и возачот од автобусот. Интересно е тоа што сите возачи на автобусите тој ден изјавиле дека немало апсење во нивниот автобус.

Радован Караџиќ како доктор Дабиќ, кој никој не успеал да го препознае

Како станав доктор Дабиќ?

Караџиќ во едно интервју за Новости ја раскажа приказната за тоа како решил да стане Дабиќ и како се маскирал.

“Проблемот со моето бегство беше мојот лап топ и сите електронски уреди кои ги имав. Сите нив може да ги лоцираат. Моето обезбедување се трудеше да ми обезбеди сместување во урбана средина која е близу банка, и пошта, таму каде што има многу компјутери.

Тогаш дојдовте во Србија?

– Кога Џинџиќ беше убиен, во исто време беше усвоен законот за соработка на Србија со ХАГ, а јас тогаш им се заблагодарив на луѓето кој ме штитеа и соработуваа со мене. Тогаш понав да живеам сам, излегував касно навечер, шетав купував за јадење. Меѓутоа полицијата почна да трага по становите в кои никој не живее. Затоа решив да се покажам пред соседите, да видат кој живее во тој стан, да видат дека тука живее дедо.

Се појавивте како Давид Дабиќ.

– Најпрво морав да ослабнам од 112 килограми на 80. Почнав да носам различна облека, ролки, широки маици, се она што никогаш не сум носел. Почнав да се занимавам со здрав живот, здрава изхрана, па држев и неколку предавања. Во тој момент немав пари па почнав со предавањата за здрава храна. Работев за некоја компанија, а потоа и како консултант во приватна лекарска ординација. Завршив курс за парапсихологија. Учител ми беше еден многу необичен човек, и тој ми го даде името Давид.

Ве уапсија во 2008 година. Што прво помисливте тогаш?

Знаев дека Хаг е како лут бик. Уште во авионот на Српската Влада сфатив дека не сум им особено важен, освен како српска парадигма На прво место не ми беше важно да се бранам себеси, туку српскиот народ, бидејќи поради тоа и ме бараа.

(Kurir.rs)

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.