ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО – ДПМНЕ го распиша огласот за престедателски кандидат, СДСМ се надева на консензуален кандидат

ВМРО-ДПМНЕ ќе го бара на оглас, СДСМ ќе се консултира со коалиционите партнери. На околу 4 месеци пред изборите партиите влегуваат во финалната фаза на подготовки за претседателските избори.

Извори од најголемата опозициска партија за Сител велат дека во оваа фаза поголем број кандидати пројавиле интерес да влезат во претседателската трка но кој ќе ја бара довербата од партиската конвенција ќе се знае по крајот на јануари, до кога и официјално трае партискиот оглас.

Неофицијално, најголеми шанси имаат екс министерот за финансии Трајко Славески и пратеникот Влатко Ѓорчев. И двајцата ниту потврдуваат ниту демантираат дека имаат намера да се борат за канцеларија на Водно.

Покрај нив, извори од опозицијата велат дека интерес покажале и пратеникот Антонио Милошоски но и екс министерот за надворешни работи Никола Попоски, а надвор од партиското јадро се споменуваат и имињата на поранешниот претседател на Собранието Саво Климоски но и угледната професорка од Правен Гордана Силјаноска.

Подготовките течат и во СДСМ, но премиерот вели дека партијата во моментов е преокупирана со уставните измени и обезбедувањето двотретинско мнозинство за промена на уставното име.

Официјално и во СДСМ никој не најавува кандидатура но неофицијално, особено откако Заев излезе од трка, како најсериозен кандидат се споменува министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Големи шанси, според она што доаѓа како информација од Бихаќка има и министерот за надворешни работи Никола Димитров, а не се исклучува ниту можноста во претседателската трка втора шанса да добие и Стево Пендаровски. Партиски извори велат дека постои можност кандидатот да дојде и од некој од коалиционите партнери или пак, за да се задоволи барањето на ДУИ за консензуален кандидат предлогот да биде од албанската етничка заедница.

Покрај кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за очекување е во игра да влезе и поранешната пратеничка Солза Грчева, а не треба да биде изненадување со свој кандидат да излезе и некоја од албанските политички партии, особено оние во опозиција.

За да биде избран новиот шеф на државата во вториот круг ќе биде потребна излезност од 40%. Доколку тоа не се случи, премиерот најави постапка за промена на уставот по која претседателот ќе се избира во Собранието.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.