ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Џафери: Неуставно е доделување мандат без избран претседател на Парламентот

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, повикувајќи се на Деловникот, смета дека Пендаровски ќе направи уставна повреда доколку го додели мандатот, без притоа да биде избран нов претседател на Собранието.

„Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците. Ова е форма пропишана во Деловникот. Секој процес кој може да започне, може да го стави под знак прашалник целиот изборен процес кој заврши. Ако некому му одговара тоа да го направи врз оваа основа, нека повели и нека го направи. Јас нема да бидам дел од натамошната јавна дебата, има надлежни институции кои треба да постапуваат со сила на закон“

изјави Џафери во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Од кабинетот на Пендаровски вчера истакнаа дека според уставните одредби за доделување на мандатот, со денот на верификација на мандатите на пратениците, се смета дека Собранието е конституирано.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.