Јанкуловска се појави сама во Апелација, адвокатите оправдано отсутни

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, се појави сама денеска во Апелацискиот суд, каде требаше да се одржи јавна седница за нејзината жалба по однос на 6-годишната казна затвор која ја доби во предметот „Тенк“ на СЈО. Поради отсуство на нејзините адвокати расправата беше одложена.

Адвокатот Боро Тасевски не присуствуаше поради приватни причини, додека адвокатката Сања Алексиќ била спречена да присуствува поради болест.

Јавната седница е одложена за 25 февруари.

You May Also Like