Јанева: Разликите за СЈО се надминати!

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека, според нејзини информации, има напредок во преговорите за судбината на СЈО.

-Верувам во процесот, најпрво затоа што се работи за врвни професионалци од од правосудната област, како од страна на Владата, така и од страна на опозицијата. Со исклучоци на некои личности кои се поврзани со нашите предмети, штo сметам дека не се веќе во тој преговарачки тим. Моето лично мислење е дека секогаш законот може да биде подобар, така да и во таа позитивна конотација мислам дека се одвиваат и самите преговори. Во суштина главните точки, за тоа што ќе работи СЈО, мислам дека разликите се надминати, изјави денеска Јанева.

За разлика од неа, пак министерката за правда Рената Дескоска, денеска изјави дека нема поменстување во преговорите за СЈО.

Јанева додеде дека сепак треба да се почека за да се види кои предмети ќе останат во СЈО, а кои ќе ги работи редовното обвинителство.

-Во однос на предметите кои ќе бидат предмет на работа во СЈО или во редовното обвинителство, во тој дел ќе почекаме да видиме како ќе биде конечното решение. Верувам дека ќе биде поволно, со оглед на тоа што јас неофицијално сум го слушнала. Доколку се формира одредена група на обвинители кои ќе утврдуваат кој предмет кој ќе го работи. Задоволно сум од тоа што можеби разговорите нема да бидат слушани, но сепак има простор да бидат анализирани од страна на судот, односно ќе бидат дел од доказите доколку има предмети и во суд, вели Јанева.

Таа откри дека отвориле нови предистражни постапки.

-СЈО и понатаму работи на истражните и истражните постапки, отворивме и повеќе нови предистражни постапки во однос на преостанатите телефонски разговори, па се надеваме во наредниот перид ќе биде донесен законот, а потоа ќе се престроиме според законот, во однос на тоа што понатаму. Се надевам дека овој неизвесен период што побргу ќе заврши, за да знаеме во кои правци ќе ги носиме овие предмети, закчи Јанева.

Please follow and like us:

You May Also Like