Јанева на одмор додека јавноста е преокупирана со аферата „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева e на годишен одмор додека аферата „Рекет“ е во центарот на вниманието на јавноста, според информациите објавени во повеќе македонски медиуми, кои се повикуваат на СЈО.

Викендов, во медиумите беше пласирана фотографија на која наводно се забележува Јанева, на плажа на Халкидики, Грција, но засега нема коментар од СЈО.

Во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски познат како Боки 13 и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец, се осомничени дека земале пари од бизнисмен кој е под истрага на СЈО.

Од Јанева, која не е осомничена, беа одземени два мобилни телефони кои се вештачеа за да се провери нејзината комуникација со Боки 13. Специјалната обвинителка користеше боледување по што се врати на работа, пред да замине на годишен одмор, откако беше отворена истрагата за случајот „Рекет“.

Please follow and like us:

You May Also Like