Јанакиески тргнал од притвор и стасал до суд, но „Топлик“ веќе бил одложен

Миле Јанакиески бил спроведен во Основниот суд Скопје 1, но рошиштето за „Топлик“ веќе се одложило. Директорот на Истражниот затвор во Шутка, Есад Рахиќ во изјава за МКД.мк вели дека лично тој ја потпишал наредбата за спровод на обвинеитот Јанакиески, но дека спроводот задоцнил малку порадо тоа што не му било добро на другиот осуденик Димитар Димовски, кој е обвинет во постапката за „Топлик“.

„Наредбите за спровод на обвинетиот Јанакиески и за другото обвинето лице стасаа од судот во затворот и ги потпишав јас лично. Двајцата осуденици со едно возило требаше да бидат однесени до Основниот суд Скопје 1, но едниот од нив, односно Димовски се пожали дека не му е добро. Поради овие причини додека да му се среди состојбата малку почекавме и потоа со кратко задоцнување двајцата беа спроведени на суд, но рочиштето веќе било одложено“, ни изјави директорот Рахиќ.

Тој додава дека никој од судот, ниту пак судијата Шабани не го исконтактирал за да го праша до каде е спроводот за овие две обвинети лица.

Денешното рочиште за случајот на СЈО „Топлик“ се одложи поради отсуство на овие двајца обвинети, но и поради тоа што поротникот кој е во составот на судечкиот совет со кој раководи Осман Шабани е отсутен.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Јанакиески неколку дена штрајкува со глад и ја одбива затворската храна. Тој беше и на лекарски преглед откако се пожали на болки во бубрезите, но по прегледот беше вратен пак во Истражниот затвор во Шутка.

За неговата здравствена состојба вчера предупреди и неговиот адвокат Еленко Миланов кој рече дека со ваква здравствена состојба имаат причина да бараат поблага мерка од притворот, односно куќен притвор.

Please follow and like us:

You May Also Like