Што им значи редниот број на кандидатите: Една република за Река, златна средина за Силјановска и тројка за среќа за Пендаровски!

Во пресрет на претседателските избори, партиите со различни очекувања калкулираат со редниот број на гласачкото ливче на нивните фаворити. По жрепката на која беше утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче, партиите си дадоа и свое толкување и очекување за резултатите од изборната трка.

– Една република за сите, изјави Рамадан Реџепи, шефот на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по извлекувањето на бројот 1 за редоследот на гласачкото ливче при жрепката во ДИК.
“За наша среќа бројот 1 е наш, а тоа е и идејата на професор Река, да се бориме за една република за сите, една европска мултиетничка држава за сите. Се надеваме на мирни и европски избори”, додаде Реџепи.

Кандидатот Гордана Силјановска-Давкова го доби редниот број два на гласачкото ливче. За неа двојката има посебно значење и рефлектира глас на средина.
– Двојката за мене значи златна средина. Јас сум на средина и најлогично дури и да се сликаме би било една жена да е меѓу двајца мажи. Секогаш избирам средина, да нема само богатство и сиромаштија туку средина – среден слој, бидејќи во спротивно нема ни демократија, вели во изјава за весникот “ВЕЧЕР” кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова.

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој учествуваше во ждрепката во ДИК, редниот бројот 2 за Силјановска-Давкова симболично ја означува победата на Силјановска и во двата круга.

Судбината и карактерот на секој од нас зависат од нумеричките закони, рекол таткото на нумерологијата Питагора и тврдел дека, вусшност, целиот космос е изграден на броеви, а еве што вели нумерологијата за бројчињата кои ги добија претседателските кандидати.

Бројот 1, што на гласачкото ливче го доби претседателскиот кандидат Блерим Река, се смета за машки број од традицијата дека мажот настанал прв. Тие кои се под влијание на овој број се препознатливи по силната свест за планирање цели, самодоверба, силна способност за успеси, снаодливост и сила. Според нумерологијата, личностите кои ги претставува бројот 1 се лидери и ја поздравуваат одговорноста. Имаат исто и високи амбиции, но се и тврдоглави, дрски и самоуверени.

Бројот два, под кој на изборите за претседател ќе настапи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, според нумерологијата  зрачи со посебен вид на смиреност.
Бројот 2 со своите две страни претставува спротивност или разлика, правда и еднаквост, баланс, хармонија и братство. Без да се земе предвид дека токму жена- кандидат ќе настапи под реден број два на гласачкото ливче за претседателските избори, и според нумерологијата овој број е традиционално поврзан со жената. Тие кои се под влијание на овој број се препознатливи по грижливоста спрема околината, смиреноста, за правдата, против угнетувањето и сите форми на себичност.

Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ ќе биде трет на гласачкото ливче. Бројот 3 според нумерологијата е машки број е и е поврзан со тројното единство. Бројот 3 се поврзува и за сфаќањата на минатото, сегашноста и иднината, а исто така и со висината, должината и ширината. Бројот три се претставува со триаголник. Тие кои се под влијание на овој број покажуваат цврстина, слобода, добра способност за организирање, иноваторство, убедлив шарм и надареност за бизнис.
Според нумерологијата, бројот 3 се смета за среќен број, а личностите кои ги претставува тројката имаат потреба за развивање на скромност, издржливост и способност за постигнување на успеси.
Бројчињата ги влечеа претставниците на нивните изборни штабови, кои потпишаа и Кодекс за коректно однесување на претстојните избори со цел да има коректен натпревар меѓу сите учесници.

Please follow and like us:

You May Also Like