ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Штип со над 400 заразени зад Скопје, Аеродром се приближува кон Чаир

Од почетокот на епидемијата до денес бројката на заразени во земјава викендов надмина 10.000, па денеска е 10.213. најмногу заразени се уште има во главниот град каде се регистрирани 1.876 активни случаи. Но, после Скопје доаѓа Штип со над 400 активни случаи, односно 409. Потоа следува Куманово ао 284 заразени, а веднаш после него со 278 активни случаи е Тетово, Струга, па Дебар.

Во скопските општини се уште најмногу заразени има во Чаир, но ако пред извесно време Гази Баба следуваше после Чаир, сега на второ место е скопската општина Аеродром. Во Чаир има 265 заразени, во Аеродром има 207, а Гази Баба 193. Потоа следуваат Кисела Вода и Карпош.

Чаир – 265

• Аеродром – 207

• Бутел – 133

• Гази Баба – 193

• Центар – 150

• Карпош – 164

• Сарај – 109

• Кисела Вода – 183

• Ѓорче Петров – 129

• Студеничани – 93

• Шуто Оризари – 120

• Арачиново – 36

• Илинден – 23

• Петровец – 20

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.