Штајнмаер: Ви благодарам, господине Горбачов, што помогнавте да се обединиме

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во писмо му се заблагодари на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов за улогата во обединувањето на Германија.

Штајнмаер изрази жалење за сегашната состојба на европско-руските односи, пред 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Во писмото што неговата канцеларија го објави денеска, германскиот претседател пишува дека мирното обединување на Германија и крајот на европските поделби „немаше да бидат можни без храбрите и хумани одлуки што лично Вие тогаш ги донесовте“.

Штајнмаер оцени дека не се исполнети сите надежи од пред три децении.

„Она што најмногу ме боли е состојбата со германско-руските и европско-руските односи“, вели Штајнмаер и додава дека е важно „да не му се препуштиме на отуѓувањето што нарасна последниве години“

Please follow and like us:

You May Also Like