Школувајте ги децата за овие 30 професии, ќе имаат сигурна и добро платена работа

„Бизнис инсајдер“ детектирал 30 добро платени работни места кои ќе бидат многу барани во наредната деценија. На листата доминираат економските, ИТ и медицинските професии, односно иднината за работа изгледа мошне светло, барем за бизнис аналитичарите, менаџерите, лекарите, медицинските сестри и програмери.

Американскиот Завод за статистка на работата низ програмата „Проекции на вработување“ ги објавува проценките на растот на работните место за стотици професии.

Најновото издание ги споредило податоците од 2016 година (колку луѓе работеле во одредени професии) со проекциите за 2026 година.

Тие проекции на растот на вработеноста се комбинирани со просечната годишна заработувачка (на лице од поедини професии) од 2017 година.

Ова се 30 професии кои ќе бидат барани и добро платени во наредната деценија:

30. Лекари од семејна и општа пракса
29. Стоматолози
28. Водоинсталатери
27. Лиценцирани стручни медицински сестри
26. Менаџер на градилиште
25. Лекарски асистенти
24. Продажни претставници во големопродажба и производство
23. Наставници во средните училишта
22. Возачи на тешки камиони и трактори
21. Аналитичари на компјутерски системи
20. Супервизори на градежни занаети и работници на пумпни станици
19. Служби за продажба
18. Развојни инженери на системот
17. Физиотерапевти
16. Медицински сестри
15. Постдипломски здравствени специјалисти
14. Наставници во основно училиште
13. Менаџери за компјутерски и информациски системи
12 . Бизнис експерти
11. Управници на медицински и здравствени служби
10. Адвокати
9. Менаџери
8. Аналитичари и маркетиншки стручњаци за истражување на пазарот
7. Лекари специјалисти, особено хирурзи
6. Аналитичари за менаџирање
5. Сметководители и ревизори
4. Финансиски менаџери
3 Општи и оперативни менаџери
2. Програмери на развој на софтвер
1. Регистрирани медицински сестри

Please follow and like us:

You May Also Like