Шилегов на регионален самит во Истанбул

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов учествува на регионалниот самит „Regional Living Lab Summit“ кој во наредниве неколку денови се одржува во Истанбул, Турција.

Самитот, како што соопштуваат од Град Скопје, го отвори градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал и тој има за цел да креира модел за развој на иновативен еко-систем во регионот, со акцент на можноста Истанбул да прерасне во регионален центар и мост помеѓу земјите во развој од Блискиот Исток и Северна Африка и веќе развиените земји од Европа.

Во обраќањето на самитот, градоначалникот Шилегов ја потенцираше важноста од имплементирањето на системот на иновации во креирањето на еколошки напреден град, како и чекорите што Град Скопје ги реализира во оваа област.

„Лабораторија за урбано живеење“ во Скопје (Urban living lab), според него, е резултат на успешното делување во рамки на проектот РОК (ROCK) во рамки на Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020. Лабораторијата за урбано живеење има за цел да биде модел за развивање на можности во Скопје. Од аспект на функционалност, целта му е да ги зближи широкиот опсег на заинтересирани страни од областа на развојот и урбаното планирање.

Искуството на Град Истанбул на полето на иновативен развој покажува дека клучот на успехот е во моќта на одлучување, политиките и посветеноста на општините и Владата кои се поддржани од страна на јавни, приватни или академски иновативни еко-системи. Истанбул има еко-систем составен од повеќе од 60 најразлични иновативни центри.

На самитот во Истанбул учествуваа претставници на голем број општини и државни институции од Турција, научни центри и универзитети вклучени и организации вклучени во иновативните еко-системи, како и градоначалниците на Тунис, Бен Суад, Приштина и  општината Трептоу-Копеник во Берлин и Свен Шмол.

Во рамки на посетата на Истанбул, градоначалникот Шилегов и делегација на Советот на Град Скопје, остварија средба со градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал. На средбата се дискутирало за досегашната соработка меѓу двата збратимени града, како и можностите и областите во кои може таа да се интензивира.

You May Also Like