Шеќеринска: Сите можат да подлежат на кадровски поместувања

Во најавената операција ,,Метла” нема да биде поштеден никој, ако не ги исполнил очекувањата, вели вицепремиерката Шеќеринска. Никој не може да се изземе од евентуална смена – порача Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска во врска со тоа кои функционери ќе бидат зафатени со операцијата Метла. Кадровски поместувања ќе има, вели Шеќеринска, но за тоа кој ќе биде на удар ќе се знае по инаугурацијата на новиот шеф на државата.

Во врска со изјавата на министерот за екологија Садула Дураку дека никој не може да се меша околу можни кадровски смени на функционери од ДУИ, Шеќеринска одговори дека намерата не е како рече преку партиски пазар да се поделат министерствата, туку ќе се разговара во рамки на целиот коалициски блок.

Околу унапредувањата во Генералштабот кои ги направи претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов, Шеќеринска рече дека одлуката на Антикорупциска со која ги прогласи за незаконски покажува дека за него не важеле законите.

Освен министри, најавената реконструкција треба да опфати и градоначалници, директори но и пратеници. Разместувања се најавуваат и во информатичко општество, образование, земјоделство и здравство. Првиот нов функционер се очекува да седне во испразнетата министерска фотеља во култура, ресор кој повторно ќе припадне на човек од Алтернатива. Освен во Владиниот кабинет, премиерот Зоран Заев најави промени и во партиските структури, каде веројатно ќе треба да заминат барем двајца од раководството на партијата.

Please follow and like us:

You May Also Like