„Шеврон“ го купува „Андарко“ во зделка од 50 миллијарди долари

Втората по големина светска компанија за нафта и гас „Шеврон“ објави дека за 50 милијарди долари ќе ја купи компанијата „Анадорко Петролеум“.

Тоа е најголемата зделка во индустријата во изминатите четири години и доаѓа во период на пониски цени на нафтата што започна во 2014 година, објави „Фајненшал тајмс“.

„Шеврон“ нуди 65 долари по акција, што е за 39 отсто повеќе од котирањето на „Анадарко“ на затворањето на берзите во четвртокот. Понудата е во форма на 75 отсто акции и 25 проценти во готово. Акционерите на „Андарко“ ќе добијат 0,3896 акции од Шеврон и 16,25 долари во готовина за секоја акција.

Покрај тоа, „Шеврон“ ќе преземе 15 милијарди долари долг на „Анадарко“, со што зделката ќе достигне 50 милијарди долари.

Договорот се очекува да биде завршен во втората половина од годината.

За разлика од „Шеврон“, кој е водечки во секторот, и има осум рафинерии и речиси 8.000 бензински пумпи, „Анадарко“ се фокусира на истражување и експлоатација на нафта и гас, и тоа го продава на преработувачи. „Анадарко“ има околу 1,5 милијарди барели докажани резерви, што ја прави една од најголемите независни компании во секторот во светот.

Please follow and like us:

You May Also Like