ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Членови и основачи на ВМРО-ДПМНЕ: Новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е најдемократскиот статут на партија во регионот

По примерот на германската десничарска партија ЦДУ, како и австриската конзервативна партија ВМРО-ДПМНЕ преку промена на Статутот решија да се домодернизираат.

Функционерите на партијата можат да бидат на врвот на пирамидата во партиската организација три мандати, и тоа под услов да третиот мандат е избран од страна на партиските органи и тела со 2/3 мнозинство. Овде спаѓа и функцијата претседател на партијата. Воедно новиот Статут предвидува и Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци на партијата.

Потенцираа и дека со овие измени се нагласува рамномерната застапеност на жените и мажите во рамки на органите и телата на партијата, како и воедно застапеноста на младите во внатрепартиските структури.

Дел од партиските функционери на партијата како и познавачите на политичката сцена велат дека овие промени претставуваат  модернизацијана работењето на ВМРО-ДПМНЕ  и заслужуваат да бидат поздравени.

Мане Јаковлевски, Борис Змејковски, Антонио Милошоски, Сотир Костов се само дел од оние кои велат дека Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, со овој статут ја доби најдемократската партија. Партија која ја гарантира родовата застапеност, младинската вклученост и почитта кон основачите и ветераните.

Покрај овие промени, укината е позицијата почесен претседател на паријата, што значи дека Груевски веќе не ја ужива таа фукнција.

„Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува односно ниту Никола Груевски, ниту било кој друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели. Такво нешто статутот не предвидува“, кажа Панче Тошковски.

За промените на статутот се огласија од СДСМ, велат дека ВМРО-ДПМНЕ со овие промени го крие поразот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.