Четири нови случаи на морбили во Скопје

Четири нови случаи на морбили во Скопје, две деца од 18 месеци и 4 годишна возраст и двајца возрасни од 28 и 30 години.

Двете деца не се вакцинирани едното е од општина Аеродром и Чаир. Двајцата возрасни едниот е со една доза вакциниран другиот не. Во Скопје се уште на сила важи невакцинираните деца по прогласувањето на епидемија да не се примаат во градинка. По скандалот кога на вакцина МРП се појави декалрација ан вакцина со поминат рок, министерството за здравство и МЛАМЕД посочија дека одговорност и санкции мора да има дури и одземање на дозволата за увоз на лекови. По направената контрола е потврдено дека сите вакцини се со добар рок и квалитет, вели министерот Филипче. Од „Македонија лек“ во соопштение до меидумите објаснуваат дека станува збор за течничка грешка која вработените ја нарпавиле при ставање на декларациите. И од оваа компанија велат дека безбедноста на вакцините е на високо ниво.

Вирусите и настинките ги намалија одзвиот за вакцината МРП. Денеска во поликлиниката „Јане Сандански“ имаше интерес за вакцина.

Докторите велат дека родителите може да го видат и упатството и рокот на вакцината.

Од како е прогласена епидемија на морбили во Скопје вкацнирани се околу 1300-та деа. Контролите потврдија дека во Скопје околу 15000 деца се навекацинирани од ситни сипаници.

You May Also Like