Чедомир Јовановиќ за Јас сум против размена на териториите и малтретирање луѓе“

Лидерот на Либерално-демократската партија во Србија, Чедомир Јовановиќ, никогаш не го криел неговиот став дека Косово е целосно независно од Србија. Тој  изјави дека Косово треба да живее нормален живот како Србија, а пречките на тој пат се, како што рече, политички.

-За Вучиќ проблем е данокот и не сака да седне на маса без да се повлече таа одлука. Тоа од Приштина го бара и Европа и Америка, но од друга страна очигледно Владата на Косово има своја логика и причини зошто инсистира дијалогот да продолжи поинаку. Веќе неколку години во Брисел се среќаваат политичари од Белград и Приштина, потпишан е Бриселскиот договор. Најголем дел е сработено но не и тоа што е предуслов за нормализација на односите, тоа е подготвеноста на Белград да потпише правно обврзувачка спогодба со Приштина со која за Косово нема да има пречки на меѓународната сцена, ООН, европските интеграции и членството во НАТО.-изјави Јовановиќ.

Тој рече дека е против размена на териториите и малтретирање луѓе, нешто што во изминатиот период се спомнува како решение во преговорите помеѓу Белград и Приштина. Сепак, додава дека е за договор кој ќе биде во интерес на сите.

-Јас сум против размена на териториите, малтретирањето луѓе, иселување на жителите. Понекогаш треба да се има мудрост за донесување на одлуки кои го почитуваат животот. Јас не знам дали се точни објавените информации во неколку медиуми во врска со неколку општини на Северот на Косово и од другата страна на Прешево и Бујановац, но знам дека граѓаните ја плаќаат највисоката цена за политичките договори. Значи, не сум против договор кој ќе се постигне меѓу Белград и Приштина. Доколку се договориме и сметаме дека тоа е во интерес на сите, тогаш тој договор ќе се прифати. Но, тоа треба да го кажат Тачи и Харадинај, Вучиќ, Могерини и Америка, сите тие што се дел од преговорите-вели Јовановиќ.

Јовановиќ рече дека Косово и Србија немаат време за чекање и затоа според него потребно е да се забрзаат политичките договори, бидејќи животот брзо се движи.

Please follow and like us:

You May Also Like