Цената на нафтата нема да надмине 80 долари за барел

Цената на нафтата нема да надмине 80 долари за барел, независно од мерките договорени на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници. Тоа го прогнозира Абхишек Кумар – виш аналитичар во „Interfax Global Energy“.

Според него какви мерки да преземат производителите за приведувањето на повисока цена, побарувачката ќе ја одржи на нивоа, прифатливи и за корисниците.

„Секоја цена треба да ги задоволува и производителите на нафта и корисниците. Од оваа гледна точка, секоја вредност меѓу 60 и 80 долари за барел е реална“, рече Кумар.

Цените на нафтата и на природниот гас ќе се намалуваат, категоричен е и пазарниот аналитичар Чарлс Ненер. Според него претстојната нова економска криза ќе ја намали побарувачката на „црното злато“ и синото гориво. Излегувањето на Катар од ОПЕК и концентрирањето само на пазарот на природен гас нема да го промени вкупниот тренд, додаде Ненер.

„Цената ќе падне на подолг период на време. Тоа не може да се оддаде толку на активностите на Катар, колку на фактот дека луѓето ќе имаат потреба од помалку енергија поради претстојната криза. Цените генерално ќе паѓаат, тоа важи и за природниот гас“, коментира тој.

Please follow and like us:

You May Also Like