ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Хоти: Дијалогот со Белград не е технички, туку за конечно меѓусебно признавање

Премиерот на Косово Авдулах Хоти изјави дека нема да има технички дијалог со Србија, туку само дијалог за конечен договор, пренесуваат приштинските медиум

Хоти на Фејсбук наведе дека конечниот договор ќе биде за заемно признавање и нормализација на односите на Косово и Србија, пренесува Н1.

„Не постои технички дијалог. Постои дијалог само за конечен договор за меѓусебно признавање и нормализација на односите на двете земји“, напиша Хоти.

Минатата недела во Брисел беше одржана средба на Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ и тоа беше прва директна средба на претставници на Белград и Приштина во рамки на бриселскиот дијалог по повеќе од 20 месеци.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.