Хајко Мас за три месеци имал трипати технички проблеми со авионите

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, со задоцнување од 70 минути отпатувал од Берлин за Софија, но тоа е најмалиот проблем – причина за доцнењето е технички проблеми со неговиот авион. И тоа не е прв пат да му се случува на Мас.

Доцнењето за патувањето во Бугарија, каде во Софија требаше да го постави камен темелникот на новата германска амбасада, како што изјавил пилотот, бил проблем со помошната моторна турбина кој премногу го компресирала воздухот во моторот пред тој да се активира.

Од тие причини бугарскиот премиер Бојко Борисов морал повеќе од еден час да го чека германскиот висок гостин. Меѓутоа, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ прави кус осврт на сите досегашни проблеми со авионите на министерот. Политичарот од Социјалдемократската партија (СПД) за Бугарија летал со „ербас А321“. Од декември лани германската влада донесе одлука да ги користи тие авиони за куси или за средни летови. Тој може да носи 82 патници и развива брзина од 820 километри на час и покрива растојание од 5.000 километри. Федералната влада тој авион го купила лани. Но, не поминало ни пола година, а првите проблеми веќе се појавиле. Другите авиони од владината флота вклучуваат „А340“, А319“ и „глобал 5000“ од „бомбардиер“, за долги патувања.

Како што пишува ФАЗ, вчерашниот технички проблем е трет на министерот Мас за три месеци. Најнапред, кон крајот на февруари тој морал да остане заглавен на аеродромот Бамако во Мали цели 20 часа заради проблеми со авионот. Во април, пак, авионот во кој тој се наоѓал забележал проблем со едното тркало за време на слетувањето на „Џ.Ф. Кенеди“ во Њујорк.

Сепак, со технички проблеми на владините авиони се соочила и канцеларката Меркел. Министерката за одбрана, Урсула фон Лејен заради застарената флота одобри модернизирање на флотата од 14 авиони, од кои некои се многу стари.

Please follow and like us:

You May Also Like