Хардинај со писмо им ја објаснува на светските премиери природата на дијалогот со Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави дека им испратил писма на премиерите на сите држави во светот, со цел, како што вели, да им ја објасни природата на дијалогот меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на својата страница на Фејсбук, на која го објави и писмото, вели дека на светските премиери им објаснил оти дијалогот се одвива меѓу две суверени држави и негов субјект не е финалниот статус на Косово, туку нормализирање на односите со Србија, со меѓусебно признавање на двете држави.

– Утрово им испратив појаснувачко писмо на сите премиери во светот, со кое им ја објаснив природата на дијалогот Косово-Србија. Дијалогот Косово-Србија е дијалог меѓу две суверени земји и негов субјект не е финалниот статус на Косово, туку нормализирање на односите со Србија, со меѓусебно признавање на двете држави. Со ова појаснување имаме намера да ставиме крај на српската пропаганда дека статусот и територијата на Косово се уште се на маса. Косово својата државност ја заокружи на 17 февруари 2008 година, напиша Харадинај.

You May Also Like