Харадинај: САД би требало да извршат притисок врз Србија да го признае Косово

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека од Соединетите Американски Држави побарал во дијалогот да не го третира Косово еднакво како Србија и дека Америка би требало да ја употреби својата моќ, да изврши притисок врз Србија да го признае Косово.

Зборувајќи за посетата на САД, Харадинај за КТВ кажа дека во Вашингтон разговарал за членство на Косово во НАТО, но и за прашањето за визната либерализација за граѓаните на Косово.

„САД имаат влијание и врз билатералните односи Косово-Америка, бидејќи во споредба со другите Косово е единствената земја што застана зад Америка по многу прашања и затоа кон Србија не може да се однесува еднакво, бидејќи таа постапува спротивно од САД“, кажа Харадинај.

Истакна дека од Вашингтон побарал во прашањата во однос на Косово, но и за дијалогот, да не го третира Косово еднакво со Србија, бидејќи, како што истакна, во светот нема земја што е повеќе проамериканска од Косово.

„Мислам дека ситуацијата е многу едноставна. Америка би требало да ја користи својата сила околу прашањето со Србија, Америка би требало да врши притисок врз Србија да го признае Косово“, оцени тој.

Please follow and like us:

You May Also Like