Харадинај: Могерини е виновна

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, повторно ја обвини шефицата на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, за неуспехот во дијалогот со Белград. Тој рекол дека таа е виновна затоа што дозволила процесот да се „излизга од шините“.

Харадинај денеска доби писмо од бриселската „тројка“ – Могерини, комесарката за трговија Сесилија Малстром и комесарот за проширување Јоханес Хан, во кој го обвинија дека со еднострани акции го загрозил дијалогот со Белград и дека Приштина во дијалогот ја претставува претседателот Хашим Тачи.

Косовската Влада на денешниот состанок разговараше за сеопфатен и обврзувачки нацрт-договор меѓу Белград и Приштина. Советникот на Харадинај, Авни Арифи, истакна дека документот предвидува Србија да ја призне независноста на Косово, суверенитетот на Косово, предвидува правда за воените злосторства и обештетување на жртвите на сексуално насилство. Исто така, се бара членство на Косово во меѓународните организации.

Харадинај уште еднаш повтори дека данокот за српската стока ќе биде укинат кога Србија ќе го признае Косово.

Please follow and like us:

You May Also Like