ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Функционерите ќе патуваат без да одат во карантин, за Спасовски ова не е дискриминација патуваат без да одат во карантин, за Спасовски ова не е дискриминација

Ако функционерите отсуствуваат од работа ќе нема кој да раководи со институциите. Вака премиерот Спасовски ја правда владината уредба со која двенеделниот државен карантин нема да важи за избрани и именувани лица кои ќе патуваат во странство. Тврди дека ова не е привилегија, туку потреба и дека за сите нив ќе важат посебни протоколи за заштита. 

Правите тема од нешто што не е тема. Прво нема никаква одлука дека нашите државјани не можат да ја напуштат земјата. Второ, одлуката за протколите е да се изготват за да можат функционерите да патуваат пред се за одредени  настани во регионот кои  ќе се однесуваат на коронавирусот, истакна Спасовски.

Според опозициската партија недозволиво е за функционерите да не важат истите мерки за заштита кои важат за обичните граѓани. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека оваа уредба е крајно дискриминаторска. 

Уредбата која Владата ја донесе на вчерашната седница предвидува дека претставници на институциите на државата,  можат да патуваат во други држави, но со запазени мерки на заштита, заради активности поврзани со координација на активности од државен карактер, но без конкретни детали што се предвидуваат овие протоколи  за заштита. 

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.