Фудбалерите на Лестер ќе патуваат во Кардиф со автобус: Одлуката следи по големата трагедија која ги снајде?!

Овие денови во Лестер владее голема тага. Сопственикот на клубот, Вичај Шривадханапрабха, како што е веќе познато, во саботата заедно со уште четири лица смртно настада во хеликоптерска несреќа близу стадионот „Кинг Пауер“, а веста за оваа трагедија во голема мера ги потресе и самите играчи.

Шривадханапрабха беше омилен помеѓу играчите, па поради тоа не се чуди солзите, кои помеѓу останатото за нив пред стадионот ги пуштија голманот Каспер Шмајхел и напаѓачот Џејми Варди, кои воедно беа и дел од генерацијата која го предводеше Лестер до сензационално освојување на титулата.

Со оглед на тоа дека Лестер викендов треба да игра со Кардиф, играчите добија можност да одлучат дали ќе го играат тој меч во предвидениот термин. На крајот се сложија во чест на својот претседател да истрчаат на теренот и да дадат се од себе, а како што пренесува Еуроспорт, патувањето во Велс нема да следи со авион туку со автобус.

Според наведувањата, екипата донела одлука поради фактот дека првиот човек на клубот настрада по пад на хеликоптер.

Играчите за време на викендот ќе носат црни траки околу рацете, а дуелот ќе започне со минута молк.

You May Also Like