ФРАНЦУСКАТА ПОЛИЦИЈА СО АПСЕЊА И СОЛЗАВЕЦ ГИ ДРЖИ ПОД КОНТРОЛА НОВИТЕ ПРОТЕСТИ НА „ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“

Француските безбедносни сили блокираа области во централен Париз, со цел да ги стават под контрола денешните протести на „жолтите елеци“ и да спречат насилства и демолирања какви што беа видени минатиот викенд. Низ Франција се распоредени 90.000 полицајци, од кои 8.000 се на улиците на Париз.

Уште пред изгрејсонцето, оклопни возила беа поставени на можни критични точки, вклучувајќи ги плоштадот Бастиља и Триумфалната порта, која беше оштетена во неделата. Властите го опишаа денот како високоризичен и ги повикаа демонстрантите да останат дома.

Полицијата претресуваше ранци и торби во центарот на Париз, одземајќи заштитни маски и сѐ што може да се употреби како проектил. До десет часот, биле направени повеќе од 400 превентивни апсења.

Во центарот на Париз се собраа околу 5.000 демонстранти и полицијата веднаш употреби солзавец, за да ги растера оние кои излегуваа од споредните улички околу авенијата Шанз елизе.

Според весникот „Ле Монд“, денешните протести се помалубројни од претходните и, главно, учествуваат мажи на возраст меѓу 20 и 40 години.

Please follow and like us:

You May Also Like