Филипче: Тендерот за набавка на реагенси ќе биде распишан по изборите

Осум возила кои неколку години ги има Министерството за земјоделство, но досега не биле користени, ќе бидат дадени на Министерството за здравство. Тие ќе ги пренаменат и ќе ги користат како возила за брза помош.

На денешната прес конференција министерот за здравство Филипче посочи дека чека да завршат претседателските избори за да биде распишан тендерот за набавка на реагенси, кој беше најавен уште пред три месеци. Лабораториите моментално имаат доволни реагенси.

Please follow and like us:

You May Also Like