Филипче: Во земјава недостасуваат околу 600 лекари

Според анализите на Министерството за здравство во земјава недостасуваат околу 600 лекари, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој е задоволен со бројот на вакцинирани деца од морбили.

Ситуацијата досега ќе беше далеку покритична и ќе имаше многу повеќе заразени ако не се прогласеше епидемија, рече Филипче.

Министерството за здравство на 16 декември воведе вонредни мерки на територија на Скопје, а сега е прогласена епидемија и во Гевгелија, Тетово и Куманово.

You May Also Like