УЈП им ги затвори вратите на граѓаните среде работно време – тие останаа без можноста да се пријават за персоналец

Управата за Јавни приходи им ги затвори вратите на граѓаните денеска среде работното време, предвидено за да се пријават за персонален данок.

Иако на сајтот на УЈП пишува дека работното време е од 7 часот и 30 минути, до 16 часот и 30 минути, со цел граѓаните да стигнат на време и во предвидениот рок да се пријават за персоналец, тие наишле на затворени врати.

Од УЈП велат дека станува збор за техничка грешка, за која веќе испратиле соопштение до медиумите, но до нашата редакција, до овој момент, такво соопштение не е стигнато.

Такво соопштение не може да се најде ни на сајтот на УЈП.

За потсетување, рокот истекува во понеделник, а во системот на Управата за јавни приходи за Е-персонален данок се регистрирани 620.000 граѓани.

Please follow and like us:

You May Also Like