Уште пет лица амнестирани за настаните од 27-ми април

Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски останува во притвор уште еден месец. Кривичниот суд му ја продолжи мерката и во следните 30 дена со решение дека сеуште постои опасност да избега , да влијание врз сведоци или да го повтори делото. Неговиот адвокат веќе ја пуштил и жалбата до Апелација и вели дека и по еден месец зад решетки Атанасовски не бил повикан на распит во обвинителството.

„Сметаме дека е решението е целосно незаконско и спротивно на праксата од ЕСЧП. Дека ќе се даде во бегство е целосно паушално, без факти и конкретни причини. Дека би го повторил делото, целосно апсурдно.“ – вели Јордан Апостолски адвокат.

Атанасовски е осомничен за делото здружување заради непријателска дејност, во посебна истрага , но како еден од инволвираните во крвавиот четврток. Тој е и еден од барателите на амнестија кои беа одбиени од судот, бидејќи аконот за амнестија не го опфаќа неговото дело. Тој беше уапсен по сведочењето на браќата Младеновски, кои се обвинети во 27ми април. Беше посочен дека организирал купување на фантомки, обезбедил паркирано возило пред Собранието во од кое одредени лица земале оружје.

Во меѓувреме, Кривичниот суд денеска потпиша уште пет амнестии за обвинети за учество во толпа.

„По добиени мислења од надлежното обвинителство, судот донесе решенија и денеска ги експедира до странките, а со кои барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 ги уважи, додека сите преостанати барања се одбиени како неосновани.“ – велат од Кривичен.

Со овие петмина амнестирани, бројката се заокружи на 25мина кои добија милост од кривичниот суд, 41 барање беа одбиени како неосновани. Први беа амнестирани петтемина пратеници, организаторите на протестите за Заедничка Македонија, дел од учесниците во протестите за кои обвинителството и судот направиле проценка дека треба да се спасат од затвор. Митко Чавков, Игор Дурловски, Игор Југ, Душко Лазаров и Јане Ченто не сакаа амнестија и ќе чекаат пресуда од судијката Добрила Кацарска. Дел од адвокатите реагираа на одлуките и го оценија законот како селективен и контроверзен направен наменски за неколкумина обвинети. Незадоволните поднесоа жалби до апелација која деновиве треба да одлучи дали уште некој ќе се спаси со законот за амнестија.

Please follow and like us:

You May Also Like