УТРИНСКИ ФОКУС: Згасна „Адриа Ервејз“ – кој ќе ги обнови летовите меѓу Скопје и Љубљана

Вести во фокусот на Фактор ова утро…

*

Згасна една од најстарите линии. Авиокомпанијата „Адриа Ервејс“ банкротираше а кој сега ќе ги обнови леотивте од Скопје-Љубљана не е извесно. Отворена е стечајна постапка, а детали може да прочитате овде.

*

Нема кој да лови инвеститори – ни трага ни глас од Канцелариите што требаше да ги заменат промоторите

Попмезно најавени дека ќе профункционираат најдоцна до крајот на годинава, засега нема ни трага ни глас од трите големи регионални канцеларии, што требаше да бидат отворени во три клучни светски дестинации, едната во Соединетите Американски Држави, втората во Германија, и третата на Блискиот Исток, најверојатно Турција.

*

Владата ќе го раскине договорот за Иловица, ќе се спаси ли од тужба?

Владата дефинитивно ќе го раскине договорот за концесија со Еуромакс Рисорсис, потврдуваат за Фактор владини извори. Ова од причина што, како што велат, второстепената Државна комисија која ја одби жалбата на Канаѓаните, е последната инстанца која одлучуваше, по што Владата мора автоматски да ја прифати одлуката на Комисијата.

*

Импортерите на нафта ќе се опарат и од Агенцијата за стокови резерви

Од денеска и Агенцијата за стокови резерви ќе им плаќа на нафтените импортери за чувањето на ова гориво во нивните складишта, услуга која до сега со старата уредба беше практично бесплатна. Ова значи дека приватните увозници кои имаат свои складишта и ја чуваат државната нафта ќе наплаќаат и од ова место, покрај веќе започнатата наплата од Дирекцијата за нафтени резерви.

One stop shop – eдно застанување, а граѓаните со часови чекаат на граница

Граѓани кои често патуваат од Македонија кон Србија за Фактор тврдат дека откако беше промовиран овој проект за само едно застанување на границата, наместо два пати на двете граници, сега чекаат повеќе од претходно.

Please follow and like us:

You May Also Like