Утре се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се отвора утре. Посетителите ќе може да уживаат во рекреативно, уметничко лизгање и хокеј.

Игралиштето располага со најдобри услови досега и најдобро подготвен мраз по светски стандарди. Годинава ќе има двајца професионални тренери. Ќе има и повеќе термини за рекреација, а цените остануваат исти, 150 денари со изнајмени лизгалки и 100 денари со сопствени.

Наутро ќе се одржуваат тренинзи по уметничко лизгање, а рекреативно ќе може да се лизга од 10 до 22 часот, со мали паузи од 16 до 19 часот кога ќе има хокеј тренинзи. За викенди граѓаните ќе можат целодневно да уживаат во рекреативното лизгање.

You May Also Like