ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Унгарците се плашат дека пандемијата може да предизвика хаос па се повеќе купуваат оружје

Петер Ростас не сака да има причини да го употреби пиштолот кој го купил во време на кризата со коронавирусот. Овој млад Унгарец е татко на едно дете, па како вели не сака да ризикува во времето на епидемијата со коронавирусот од непредвидливи потези на некои луѓе.

-Ова е мерка на претпазливост – вели 33-годишниот Ростас додека чека во ред пред малата продавница во Будимпешта за продажба на оружје кое може да се купи без посебна дозвола.

– Би сакал на крајот од оваа ситуација да се смеам од ваквите постапки, отколку да се најдам во непријатна ситуација во која би имал само метла за справување со насилниците.

Во последните неколку недели Унгарците се почесто застануваат во ред за да се вооружаат што повеќе поради сопствена заштита, плашејќи се од можен хаос ако се појави сериозна криза со недостаток на основни намирници поради пандемијата со коронавирусот. Контролата на оружјето е строга во источните делови во Европа како и во другиот дел од континентот, но побарувачката за малокалибарско оружје се зголемува поради проблемите со корнавирусот и во другите региони.

Здружение за производство на оружје во Чешка соопши дека сопствениците на трговски дуќани бележат двојно зголемена побарувачка за продажба на оружје. Во Чешка и Унгарија по 300.000 луѓе имаат дозволи за поседување на оружје, а двете земји имаат по околу 10 милиони население. За некои видови полесни оружја не се потребни дозволи.

-Продаваме петпати повеќе од нормалните времиња во овој период од годината – вели Габор Ваш, кој во Будимпешата има три дуќани за продажба на оружје, во кои и Ростас го купил својот пиштол на плин.

-Можеме да продадеме 15-пати повеќе да имаме повеќе оружје со гумени куршуми, но немаме на располагање.

Продавница малку поголема од телефонска говорница, која се наоѓа во приградски трговски центар во Будимпешта во која неможат да влезат повеќе купувачи изминатат недела била блокирана од купувачи.

Унгарија има 167 случаи на заразени од коронавирусот и седум смртни случаи. Премиерот Виктор Орбан изјави дека најверојатно реланата бројка на инфицирани е многу поголема.

Ростас се плаши дека поради недостаток на храна би можело да дојде до насилства, иако унгарската влада предупредува и упатува смирувачки тонови дека до такво нешто нема да дојде. Но, еден трговец со автомобили е скептик по ова прашање.

-Ако сега луѓето се расправаат за тоалетна хартија, што ќе биде подоцна ? Првиот пат кога во продавниците ќе снема намирници, луѓето ќе посегнат по одземање насила. Полицијата тешко дека ќе може да се справи со секоја ситна кражба – вели тој. – не планирам никого да убивам, но охрабрувачки делува да го имам оружјето дома.

Ваш, сопственикот на дуќани за продажба на оружје вели дека и мало оружје за кое не е потребна дозвола може да биде многу опасно ако се најде во погрешни раце, бидејќи и плински пиштол доколку се употреби од непосредна близина може да биде смртоносен.

-Луѓето се збудалени. Купуваат се за што не им е потребна дозвола. Плински пиштоли, пушки со гумени куршуми…- вели Ваш.

Продажбата на оружје е зголемена и во САД поради стравот од хаос кој би настанал како последица од пандемијата со коронавирусот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.