Уапсени четворица српски државјани за посредување при добивање бугарски пасош

Српската полиција уапси 4 лица под сеомнение дека биле дел од организирана група при посредување за добивање невистинити документи за бугарско потекло потребни да се добијат бугарски пасоши, соопшти надлежното министерство.

Акцијата била спроведена на територија на неколку општини во Србија. Некои од уапсените посредувале за давање мито на лекарот и службеникот, кои пак обезбедувале лекарски уверенија и потврди за бугарско потекло.

Со лажните документи барателите на бугарски пасош од Србија потоа се упатувале во Бугарија каде што ги дополнувале своите досиеа со документи за бугарско потекло, за што дополнително плаќале одредени суми на пари.

Во Бугарија пред два дена беше откриена голема организрана група за фалсификувани документи, кои земале од 5 000 до 8 000 евра за бугарски пасош.

Уапсен е првиот човек на државната агенција за Бугарите во странство и уште неколку лица.

You May Also Like