Турција угостила над 18 милиони туристи

Во првите 6 месеци од годинава, Турција ја посетиле 18.076.506 туристи, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 13,2 отсто, јавува агенцијата Анадолу.
Најмногу посетители има од Германија и Руската Федерација. Според податоците на турското Министерство за култура и туризам, само во јуни Турција ја посетиле 5.318.984 туристи, што претставува раст од 18,5 проценти во однос на истиот месец минатата година.
Во периодот јануари – јуни Турција беше домаќин на 18.076.506 туристи, што претставува пораст за 13,2 проценти во однос на истиот период претходната година.
Во вториот квартал од годината, според статистичките податоци објавени од Заводот за статистика на Турција, приходите од туризмот се зголемени за 13,2 отсто и изнесуваат 7.973.000.963 долари.
Турција, во текот на вториот квартал ја посетиле 1.657.406 турски граѓани кои се на привремен престој во странство. Во периодот од првите 6 месеци бројката изнесува вкупно 3.075.024, што претставува раст од 4,27 отсто во споредба со истиот период претходната година.
Просечното трошење по глава на жител на посетителите изнесува 649 долари во периодот јануари – јуни 2019 година. Според податоците, во првите 6 месеци Турција ја посетиле вкупно 21.151.530 лица, што претставува пораст од 11,81 отсто.
Во истиот период приходите од туризмот изнесуваат 12.603.000.642 долари, што претставува зголемување од 9,9 отсто.
Најголем број туристи кои ја посетиле Турција се од Русија, а потоа следуваат Германија и Велика Британија.
Од Руската Федерација, со пораст од 4,62 отсто, Турција ја посетиле 1.035.745 туристи. Најголема стапка на пораст има кај туристите од Германија и тоа 30,29 отсто.
Во јуни од Германија во Турција пристигнале 588.508 туристи.
Велика Британија, со пораст од 17,22 проценти, во Турција испратила 359.462 посетители. По Велика Британија следува Бугарија, која се наоѓа на четвртото место, а Украина е на петтото место.
Според податоците за периодот јануари – јуни, најмногу посетители, во однос на истиот период претходната година, стигнале од Руската Федерација, 2.709.397, што претставува зголемување од 13,91 отсто.
Германија се најде на второ место со пораст од 15,52 проценти, односно искажано во бројки 1.802.365 туристи. Бугарија се најде на третото место со пораст од 25,14 проценти. Од Бугарија во Турција пристигнале 1.236.280 лица. По Бугарија следат Велика Британија и Иран.

Please follow and like us:

You May Also Like