ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Турција најави продолжување на операцијата и покрај предупредувањата од САД

epa06227558 Turkish and Iraqi soldiers waving their respectice countries'national flags participate in a military exercise near the Turkish-Iraqi border in the Silopi district, in Sirnak City, Turkey, 26 September 2017. The Kurdistan region is an autonomous region in northern Iraq since 1991, with an estimated population of 5.3 million people. The region shares borders with Turkey, Iran and Syria, all of which have large Kurdish minorities. On 25 September the Kurdistan region held a referendum for independence and the creation of the state of Kurdistan amidst divided international support. EPA/SEDAT SUNA

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека воената операција во Сирија „решително“ ќе продолжи и покрај предупредувањата од САД за можни санкции. Портпаролот Хами Аксој рече дека Анкара ги известила САД на сите нивоа за нејзината операција против сириските курдски борци. – Турција се бори против терористичка организација што претставува закана за нејзината национална безбедност и таа борба одлучно ќе продолжи, рече Аксој. Одговарајќи на прашање за заканата од санкциите од САД, Аксој изјави дека „никој не треба да се сомнева дека за сè ќе биде целосно реципрочно одговорено“. Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин ја предупреди Турција дека може да се соочи со „моќни санкции“ поради сириската офанзива и дека САД ќе ја „згаснат турската економија“ доколку Анкара претера со акциите во Сирија. Единиците на сириските Курди беа сојузници на САД во борбата против терористичката Исламска држава, но Турција ги смета за терористи заради врските со курдските бунтовници во Турција
Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.