Турција купува руски ракетен систем

И покрај острите критики од САД и од НАТО, Турција очигледно го реализира својот план за купување на рускиот противракетен систем С-400. Испораката, според претседателот Ердоган треба да следи наскоро.

Ракетите треба да бидат испорачани во јули, најави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на собир на неговата партија АКП. Со одлуката за купување на рускиот ракетен систем, Турција влегува во спор со својот НАТО партнер САД.

Исклучување од програмата за Ф-35

Вашингтон имено ѝ постави краен рок до Анкара до крајот на јули да се откаже од купување на С-400. Во спротивно, земјата ќе биде исклучена од борбената авионска програма Ф-35.

Во писмото објавено минатиот петок, американскиот министер за одбрана Патрик Шанахан го информираше својот турски колега Хулуси Акар за деталите на ваквото исклучување. Една од заканите е дека сите турски пилоти кои во моментов се обучуваат за новит борбени авиони на НАТО- Ф35 би морале да ги напуштат САД.

F-35 Kampfjet (picture-alliance/dpa/B. Pedersen)Покрај тоа, можно е долгорочно да биде суспендирано учеството на турските компании во изградбата на авионите Ф-35. Владата во Вашингтон тврди дека Русија би можела преку ракетниот систем инсталиранво Турција да добие податоци за можностите на новите стелт авиони Ф-35.

Ердоган сака да го предомислиТрамп

Турција протестира против реакцијата на Вашингтон. Исклучување од програмата Ф-35 е во спротивност на „духот на сојузот” меѓу двете земји, изјави министерот за одбрана Акар за време на посетата на Азербејџан.

Повеќе:

Претседателот Ердоган сé уште сака да ги спречи санкциите на Вашингтон. Тој  најави дека  во телефонски разговор пред самитот на Г-20 кон крајот на јуни ќе му ги престави своите аргументи  на американскиот претседател. Целта е  враќање на „почетната ситуација”.

Ердоган истакна дека Турција не само што ќе купи 100 борбени авиони Ф-35, туку исто така е и партнер во програмата.  Турската одбранбена индустрија инвестираше 1,25 милијарди долари во проектот.

 

Откажување не е опција

Турскиот претседател истовремено потенцираше дека откажувањето од купување на рускииот систем Ц-400 не е опција за него. Зделката е завршена, рече тој.

Вашингтон инсистираше на тоа Анкара наместо рускиот Ц-400 да го набави американскиот противракетен систем Патриот. Ердоган го отфрли ова барање со аргументот дека Москва дала подобра понуда.

Please follow and like us:

You May Also Like