Турски воен хеликоптер се сруши на улица во станбена област во Истанбул

Четири лица загинаа, а еден е повреден откако турски воен хеликоптер се сруши на улица во станбена област во предградие на Истанбул, објавија локалните медиуми. Причината за инцидентот се уште не е познат.

Според првите снимки од местото на несреќата, воениот хеликоптер се урнал меѓу две повеќекатни станбени згради, кои се чини не се многу оштетени. Од друга страна, хеликоптерот е целосно уништен.

Хеликоптерот се урнал додека летал над Санкактепе, населба во источен Истанбул, пренесоа локалните медиуми. При падот на воениот хеликоптер, 4 војници загинале на лице место, а еден војник е повреден. Повредниот војник со брза помош е однесен во болница.

Медиумите јавија дека се работи за хеликоптер УХ-1, хеликоптер од американско производство кој бил во служба уште од Виетнамската војна.

Наводно, хеликоптерот се враќал од рутински лет за обука и се урнал за време на слетувањето во блиската воена база.

Градоначалникот на Санкактепе изјавил дека УХ-1 го погодил покривот на зградата пред да се сруши на улица. Началникот на Генералштабот на Турција Хулуси Акар пристигна на местото на несреќата за да ја координира спасувачката акција.

 

You May Also Like